OCR скенирање / обработка на податоци

OCR скенирање/ обработка на податоци

Компанијата ДИС врши автоматизирана OCR обработка на податоци преку трансфер на скенирани слики или пребарувачки PDF или Word формат документи (OCR скенирање во Word или PDF).  ocr скенирање

Во ДМС системите на овој начин е овозможено пребарување на целиот текст (слично на Google платформата). За потребите на OCR обработката на податоци,компанијата користи OpenText Capture Center (OCC) софтверско решение.

OpenText Capture Center претставува лидер на пазарот за екстракција на податоци преку OCR, OMR и ICR технологија (за дигитализација на хартиената документација и автоматска обработка на податоци од документи). Со оваа постапка скапото и бавно рачно внесување на податоци се претвора во брз и сигурен процес за раководење со документи.

Со својот RecoStar систем, OCC, се прикажал како најреферентното решение за автоматско OCR и ICR препознавање и обработка на податоци од претходно скенирана документација (во вид на автоматска обработка на налози за пренос, фактури и различни формулари). Некои од најпочитуваните организации имаат најдобри искуства во користењето на OCC решенијата како UBS bank, Deutche Post, UK National Savings bank итн.