Деловно Информативни Системи -Архивирај е првиот приватен архивски центар во Македонија. Од своето основање во 2011 па сѐ до денес нуди квалитетни и безбедни производи и услуги.
Компанијата Деловно Информативни Системи во својот outsourcing центар дава услуги на скенирање и микрофилмување на документацијата со капацитет од околу 70.000 скенирани документи дневно, како и архивирање на документaцијата во нашето архивско депо со површина од 1000м2. Архивското депо е изградено и прилагодено на највисоките светски стандарди.
МИСИЈА И ВИЗИЈА
ДИС има за цел да го трасира патот по кој ќе се развиваат информативните технологии на домашниот пазар, преку една ефикасна комуникација и овозможување на соодветни одговори на барањата на своите купувачи и деловни партнери.
Визијата на ДИС е да ги освои водечките позиции на пазарот од областа на Enterprise content management-от, прифаќање, управување, складирање, заштита, доставување на содржини кои се во согласност со организациониот процес, испорака и уништување. На нашите корисници им ја нудиме најсовремената опрема и репроматеријал од водечките светски производители Kodak, OPEN TEXT, како и пратечкиот софтвер (Kodak Capture Software, NFive Software) со комплетна техничка поддршка.
ДИС- Деловно Информативни Системи d.o.o – ARHIVIRAJ.COM, е првиот архивски центар во Македонија. Од своето основање во 2011 до денес, ДИС нуди квалитетни и проверени производи и услуги.