Микрофилмување

Kodak-Arhiv-Writer-Kasete-optimiz

Микрофилмување

За организациите за кои безбедноста и заштитата се приоритет, чувањето на деловната документација на во форма на микрофилм како законски признато и трајно решение важи за проверен и најсигурен начин за заштеда и управување на деловната документација.

Економичноста на овој начин на чување на документи најпрвин се гледа во просторната заштеда (микрофилмските записи во однос на хартиената документација зафаќаат дури 99% помалку архивски простор).

Микрофилмската копја има еднаква правна важност како и оригинален хартиен документ што и дозволува на една организација да може да ја уништи хартиената верзија на документот во секој момент. Исто така може да се обезбедат алтернативни копии на микрофилмот што овозможува дополнителна заштита (Disaster Recovery- Business Continuiy scenario).

Стандардната услуга за микрофилмување опфаќа:

  • микрофилмување со Kodak Archive Writer- еден од најактуелните и најсигурните уреди од овој тип во светот
  • перфектен квалитет на микрофилмскиот записа, со изработка на 17 000 слики по ролна
  • дуален запис (истовремена изработка на оригинал и копија на микрофилмот)
  • обезбедената гаранција на Кодак микрофилм изнесува 500 години
  • изработка на додатни микрофилмски дупликати (со помош на Disaster recovery)