Шредирање на документација
ДИС-Архивирај нуди уништување на сите типови на документи на најсовремен и безбеден начин. Овој процес се врши според највисоките стандарди и процедури off-site во архивските депоа на нашата компанија. Низ софтверскиот систем компанијата може автоматски да ја формира својата листа за уништување како и да направи извештај за извршеното уништување.
Вршиме уништување на следните типови на документи:
- хартиена документација, книги, регистратори
- кредитни картички
- ЦД/ДВД
- останати медии изработени од пластични материјали
- шредувањето на документите се врши според највисокото сигурносно ниво (Ниво 7) по ДИН/ЕУ стандарди
- повторна реконструкција на документите не е возможна
- операторите поминуваат низ обука за безбедно извршување на работата
- сите процедури се прилагодени на стандардот ISO 27001 и важечките закони за заштита на податоци
Специјализирана локација значи:
- off site процес – уништување на документи во одвоен и физичко технички обезбеден сектор во рамките на архивското депо на ДИС (затворен и заграден со чуварска служба и видео надзор)
- бесплатно привремено складирање на превземената документација
- подготовка и одвојување на документи предвидени за уништување
Гаранција за успешно завршената работа:
- клиентот добива комплетен извештај и видео запис за целиот процес