За нас

Деловно Информативни Системи -Архивирај е првиот приватен архивски центар во Македонија. Од своето основање во 2011 па сѐ до денес нуди квалитетни и безбедни производи и услуги.

Компанијата Деловно Информативни Системи во својот outsourcing центар дава услуги на скенирање и микрофилмување на документацијата со капацитет од околу 70.000  скенирани документи  дневно,  како  и  архивирање  на  документaцијата  во нашето архивско депо со површина од 1000м2. Архивското депо е изградено и прилагодено на највисоките светски стандарди.

МИСИЈА И ВИЗИЈА

ДИС има за цел да го трасира патот по кој ќе се развиваат информативните технологии на домашниот пазар, преку една ефикасна комуникација и овозможување на соодветни одговори на барањата на своите купувачи и деловни партнери.

Визијата  на  ДИС  е  да  ги  освои  водечките  позиции  на  пазарот  од  областа  на Enterprise content management-от, прифаќање, управување, складирање, заштита, доставување  на  содржини  кои  се  во  согласност  со  организациониот  процес, испорака и уништување. На нашите корисници им ја нудиме најсовремената опрема и репроматеријал од водечките светски производители Kodak, OPEN TEXT, како и пратечкиот софтвер (Kodak Capture Software, NFive Software) со комплетна техничка поддршка.

ДИС- Деловно Информативни Системи d.o.o – ARHIVIRAJ.COM, е првиот архивски центар во Македонија. Од своето основање во 2011 до денес, ДИС нуди квалитетни и проверени производи и услуги.