Комплетното функционирање на ARHIVIRAJ.COM™ скенинг центарот се врши преку софтверскиот систем ARHIVO™ SC – Scanning Center Software. Со овој софтвер се контролира приемот на документација во скенинг центарот, припрема, скенирање, индексирање, микрофилмување, пакување и транспорт до единственото архивско место. Ова решение може да се применува на неограничен број на скенери и индексни станици со нелимитиран број на вработени.
Со помош на ARHIVO™ SC се води евиденција за секој обработен лист и документ. На овој начин клиентот може да добие извештај во која фаза за обработка и кој од вработените во скенинг центарот го припремал, скенирал, индексирал и спакувал документот со снимка од целиот процес.
ARHIVO™ SC е потполно кофигурабилен и во целост може да се прилагодува кон барањата на клиентите (начинот на скенирање, индексните податоци, бар код за сепарација и евидентирање на документација, можност за контрола на процесот на скенирање и евиденција за вработените во процесот за дигитализација.
Системот е конфигуриран на тој начин што може да работи со голем обем на документација , неограничен број на оператери, а притоа да ја задржи брзината и ефикасноста за скенирање.