ARHIVO софтвер

Софтверскиот систем ARHIVO овозможува управување со архивските единици- архивските кутии. Софтверот е прилагоден на законските регулативи. Софтверот има евиденција за категориите на регистарскиот материјал на документацијата на клиентот. Со тоа се обезбедува едноставно следење на документацијата чиј рок на важност истекува (смалување на трошоците за архивирање) и водење електронска архивска книга, која може да се достави до надлежниот архив.

Пристапот до системот се овозможува преку интернет пребарувач, така што не е потребно да се инсталираат било какви дополнителни софтвери на компјутерите на клиентот.  На  корисниците  софтверски  може  да  им  се  ограничи  пристап  до поединечни делови во архивата. Со специјализираниот софтверски систем можете едноставно да додавате нови архивски единици (кутии, регистратори…), одделенија и документи.

Исто така, преку софтверскиот систем е овозможено пребарување документи и поднесување  барања  за  достава.  Корисникот  (архиварот,  вработениот  во филијалата) може да пребарува и поднесува барања за достава на документација директно низ системот.

Online системот е во секој момент достапен и архиварот од компанијата во секој момент може да ја погледне ситуацијата во архивата. Администраторот или архиварот во компанијата одредуваат права за пристап до документите.

Во системот постојат уште и опциите за електронско превземање документација од филијалата,  безбедносно  уништување-исклучување  документација,  комуникација со архиварот на ДИС и известувања,стандардни извештаи  во  системот  со  вкупен  број  архивски  кутии  со  нивна содржина, издадени кутии, примени кутии, преглед на барањата, архивска книга, список со истечена документација.