Уништување на документација

paper_shredding

Уништување на документација

Во рамките на услужната програма на ARHIVIRAJ.COM , ДИС нуди најсовремен и безбеден начин на уништување и рециклирање на сите типови на документи. Овој процес се врши според највисоките стандарди и процедури off-site  во архивските депоа на нашата компанија. Низ софтверскиот систем компанијата може автоматски да ја формира својата листа за уништување како и да направи извештај за извршеното уништување.

Вршиме уништување на следните типови на документи:

  • хартиена документација, книги, регистратори
  • кредитни картички
  • ЦД/ДВД
  • останати медии изработени од пластични материјали

 

Специфицирање на работата:

  • шредувањето на документите се врши според највисокото сигурноссно ниво (Ниво 4) по ДИН/ЕУ стандарди
  • повторна реконструкција на документите не е возможна
  • операторите поминуваат низ обука за безбедно извршување на работата
  • сите процедури се прилагодени на стандардот ISO 27001 и важечките закони за заштита на податоци

Специјализирана локација значи:

  • off site процес – уништување на документи во одвоен и физичко технички обезбеден сектор во рамките на архивското депо на ДИС (затворен и заграден со чуварска служба и видео надзор)
  • бесплатно привремено складирање на превземената документација
  • подготовка и одвојување на документи предвидени за уништување

Гаранција за успешно завршената работа:

  • клиентот добива комплетен извештај и видео запис за целиот процес